Осуда на прекинот на штрајкот во образование од страна на раководството на СОНК

Од:

Мултиетничкиот синдикат на образование (МЕСО) најостро ја осудува објавата за прекин на штрајкот во образованието, која раководството на СОНК ја донесе без консултација со сопственото членство и без да биде усвоено ниту едно од барањата со кои го отпочна штрајкот.

Сето она што е договорено во Спогодбата со Министерството за образование е премногу неодредено за да може да биде оквалификувано дури и како најмал позитивен исчекор од гледна точка на вработените во образованието. Потенцираме дека потпишаната Спогодба, покрај тоа што не поседува никаква конкретна придобивка за вработените во образованието, не содржи одредби дека е постигнат договор да им се исплати плата на вработените кои штрајкуваа, а исто така не содржи одредби за укинување на крајно штетните одредби за штрајк во основното и средното образование, кои Владата ги воведе во септември 2014 година.

Она што особено фрапира е што одлуката за прекин на штрајкот е донесена во пресрет на закажаните протести во повеќе градови во Македонија, кои можеа да се искористат за да се изврши поголем притисок Министерството да ги исполни работничките барања. Сето тоа ја покажува големата некомпетентност и синдикалниот дилетантизам на сегашното раководство на СОНК.

Штрајкот во образованието имаше голема поддршка како од вработените, така и од учениците и од пошироката јавност. Наместо да ја искористи оваа поширока поддршка, раководството на СОНК дополнително ја наруши сликата за синдикатите во Македонија. И прашуваме: со какво лице раководството на СОНК ќе излезе пред наставниците кои штрајкуваа? Како ќе им објасни дека повеќе од десет дена ги изложи на притисоци и опасност од губење на работното место, на трошење на огромна ментална и физичка енергија за да ги одбранат своите права од работен однос?

Ги повикуваме членовите на СОНК добро да размислат на кој синдикат му ја даваат својата доверба и кому му даваат право да води социјален дијалог и да потпишува колективни договори. Мултиетничкиот синдикат на образование е подготвен да ги прифати незадоволните членови на СОНК за заедно да се бориме за одбрана на правата и достоинството на вработените во образованието.

Би можело да ве интересира

Советот на СОНК на вонредна седница одлучи в понеделник да протестира пред Министерството за култура

Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за култура

Катерина Ѓуровски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

Неделков: Колективниот договор за високо образование и наука е исполнет во целост

Дијалогот помеѓу синдикатите и Владата е постојано во тек

А1он

Вработените во градинките ќе добијат цели плати за периодот на штрајкот

Катерина Ѓуровски