Остри критики за замената на вонредната состојба со уставни овластувања на хунтата во Тајланд

Од:

Најавата на водачот на воената хунта, генералот Прајут Кан-ока дека законот за вонредна состојба во Тајланд ќе биде укинат, а за редот и мирот преодната влада ќе ги користи овластувањата од членот 44 на преодниот устав наидоа на остра осуда на меѓународните организации за заштита на човековите права.

Се огласи и Меѓународната комисија на правници, чиј генерален секретар Вајлдер Тајлер оцени дека членот 44 на преодниот Устав на Тајланд на водачот на воената хунта му дава поголеми овластувања од тие што ги има со сегашниот закон за вонредна состојба.

Директорот за Азија на Хјуман рајтс воч, Бред Адамс ги повика прјателите на Тајланд да не наседнуваат на потегот за укинување на вонредната состојба со уставни овластувања на генералот Прајут и неговиот тим, бидејки новите правила водат кон воведување на диктатура во Тајланд.

Од укинувањето на законот за вонредна состојба, што подразбира и полициски час, придобивки ќе има туризмот во Тајланд, гранка од која сијамската држава остварува најголем дел од сегашните приходи.

Политичарите во Тајланд, особено оние што припаѓаат на партиите и струите што се против ројалистите, немаат многу причини со оптимизам да ги чекаат новите избори, сеедно кога тие би биле закажани. Со процес на импичмент во февруари на последната премиерка Јинглук Шинаватра и беше изречена и забрана за политичка активност во рок од пет години. Истата политичка судбина ги чека и неколку стотини поранешни парламентарци, министри и раководители на бројните владини агенцииза за кои хунтата поведе процес за импичмент, а од неа назначеното преодно уставотворно собрание најкасно до почетокот на месец мај треба да донесе одлука за нивната политичка вина додека биле на функциите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач