Остри критики за јужнокореанската претседателка од Пјонгјанг

Од:

Северна Кореја денеска упати остри критики на сметка на претседателката на Јужна Кореја Парк Гуен-хуе, обвинувајќи ја дека таа е виновна за застојот во посакуваниот развој на односите меѓу двете држави на поделениот полуостров.

Претседателката Парк се обвинува за сериозно и намерно кршење на спогодбата за нормализација на односите меѓу Северна и ЈужнаКореја, а тоа, според властите од Пјонгјанг, ги доведува односите меѓу двете држави на раб на катастрофа.

Според ова соопштение, претседателката Парк сакала да ги обедини народите на двете Кореји низ апсорпција на жителите од Северна Кореја.

Повод за овинувањата на претседателката на Јужна Кореја е нејзиниот говор во Обединетите Нации, во кои Парк побара и поголем ангажман на меѓународната заедница за контрола и ограничување на развој на нуклеарната воена технологија во Северна Кореја. Во коментарите по овој повод, од државата контролираните медиуми во Пјонгјанг остро го критикуваа Сеул поради тековните воени маневри со морнарицата на САД.

Би можело да ве интересира

Претседателот на Јужна Кореја официјално уапсен: 20 дена притвор

Птичји пердуви и крв пронајдени во моторите на авионот што се урна во Јужна Кореја

ВИДЕО: Уапсен отповиканиот јужнокорејски претседател

Катерина Ѓуровски

Нова полициска акција за приведување на Јун Сук-Јол

Горан Наумовски

Црната кутија не снимала четири минути пред авионот на Јеју Ер да удри во ѕид во Јужна Кореја

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета