Оставки во кабинетот на Џонсон, корона-забавите однесоа четворица блиски соработници на британскиот премиер

Од:

Шефот на кабинетот на британскиот премиер Борис Џонсон, Ден Розенфилд поднесе оставка, како и неговиот главен личен секретар Мартин Рејнолдс, соопштија од кабинетот на премиерот, неколку часа откако беше објавено заминувањето на двајца други премиерски соработници.

– Ден Розенфилд му понуди оставка на премиерот, која беше прифатена. Мартин Рејнолдс исто така го информираше премиерот за неговата намера да се повлече од функцијата генерален секретар и премиерот се согласи, изјави портпаролот на Џонсон.

Портпаролот претходно изјави дека советникот за комуникации на премиерот Џек Дојл ја напуштил Владата.

„Премиерот им се заблагодари за нивниот важен придонес за Владата, особено во однос на работата на пандемијата и економското закрепнување“, се вели во соопштението на портпаролот и се додава дека „тие ќе останат на своите места додека не бидат именувани нивните наследници“.
Џонсон изгуби вкупно четворица соработници во четвртокот, поради скандалот со забавите во „Даунинг стрит“ за време на карантинот, што дополнително ја ослабна неговата позиција.

Во текот на денот беше објавено и дека заминува Мунира Мирза, политички функционер во „Даунинг стрит“.

Во Британија се објавуваат извештаи за прослави на кои присуствувале Џонсон и неговите соработници за време на локдаунот, кога тоа беше строго забрането за населението.

Би можело да ве интересира

Џонсон за Путин: „Објасни му на тој еб*н идиот дека Русија не е империја“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Имавме договор со Украина, но се појави човекот со „добра фризура“, вели Путин

Катерина Ѓуровски

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски