Оставката на Папата во модерната историја е уникат, смета чешки експерт

Од:

Оставката на Папата во модерната историја на Католичката црква е апсолутно уникатен настан, смета историчарот и познавач на Католичката црква Јарослав Шебек во врска со денешната нечекувана изјава на поглаварот на Римокатоличката црква, папата Бенедикт Шеснаесетти дека ќе се повлече од функцијата на 28 февруари.

Додавајќи дека такво нешто не се случило уште од средниот век, Шебек додава дека причината која ја наведе папата е беспоговорна, јави дописникот на МИА од Прага.

Сепак, според експертот, можно е неговото заминување да е „забрзано“ и поради аферите во Ватикан, како на пример објавувањето на тајните документи неодамна.

Во својот говор, Папата на кардиналите им образложи дека долго размислувал за заминувањето и дека поради тоа што ја чувствува тежината на возраста не му остануваат сили да ја извршува должноста.

– Се случи она што се случува кај политичките функции, но во случај на Папата во модерната историја тоа се случи за прв пат. Бидејќи последна навистина доброволна оставка се случи во 1294 година кога оставка поднесе папата Целестин Петти по петмесечно владеење, додаде Шебек.

Тој верува дека конклавата, која ќе има за задача да го изборе новиот Папа ќе биде свикана многу брзо по 28 февруари. Според него, светот ќе биде сведок на еден преседан, кога еден до друг ќе бидат новиот папа и поглаварот на Католичката црква во оставка.

– Според мене, тоа е многу разумен чин. Кога се велеше дека Папата ќе биде конзервативен, сега се покажува дека тој е голем револуционер, бидејќи нешто такво никој во последните векови не си дозволил, изјави римокатоличкиот свештеник Милан Норберт Бадал, секретар на прашкит надбискуп и поглавар на Чешката католичка црква Доминик Дука, коментирајќи ја оставката на папата Бенедикт Шеснаесетти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше

Папата Франциско: Подготвен сум да ја посетам Украина, но само ако можам да одам и во Москва

Ана Ололовска