Оставка на советник на претседателот Франсоа Оланд

Од:

Фаузи Ламдаоуи, советник на претседателот Франсоа Оланд поднесе оставкам без притоа да се сретне со претседателот, јавува дописникот на МИА од Париз.

Пред оставката, советникот на Франсоа Оланд, беше повикан да се појави пред судот за „злоупотреба на општетсвени добра“ во афера која се однесува на периодот 2007-2008 поврзана со едно транспортно претпријатие.

Во оваа афера, претпријатието Алфа Дистрибусион, кое сега се вика само Алфа, истражните органи сметаат дека Фаузи Ламдаоуи, кој беше вработен во ова претпријатие, всушност раководеше со него. Главен клиент на претпријатието беше една лабараторија за развивање на фотографии. Постојат сомневања дека Фаузи Ламдаоуи добил повисоки примања од претпријатието од тие кои ги пријави.

Обвинувањето за „употреба на лажни документи и нивно користење“, е подигнато откако на статутот на претпијатието е ставен потпис на една жена, Наима Белаид, кој поднесе тужба за „фалсификување“ во 2012. Во истата процедура се наоѓа и братот на обвинетиот.

Оваа нова афера во опкружувањето на Оланд, доаѓа откако пред неколку дена оставка си поднесе и државниот секретар задолжен за воените ветерани, Кадер Ариф. А претходно оставка поднесе министерот за биџет Жеро Каузак поради прикривање данок, неколкудневниот државен секретар Тома Тевено кој заборави да плати фактури и да пријави данок, како и блискиот советник Акилино Морел.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано