Оставка на новозелански министер обвинет за изборна измама

Од:

Новозеланскиот министер Џон Бенкс поднесе денеска оставка на својата функција во Владата, откако беше формално обвинет за изборна измама.

Бенкс е лидер на малата партија АЦТ за слободен пазар која има само едно место во Парламентот на Нов Зеланд. Оваа партија заедно со уште две други мали партии, учествуваат во партискиот блок кој ја поддржува Владата на десноцентристичкиот премиер Џон Ки.

Бенкс ќе мора да се појави на судење, обвинет дека спротивно на прописите во земјата, земал донација од 50 илјади новозеландски долари од интернет тајкунот Ким Дотком, како и од уште една касино компанија.

Обвинувањето се однесува за изборната трка во 2010 година, за градоначалник на најголемиот новозеландски град Окланд, на кој учествуваше и Бенкс, но не успеа да победи.

Премиерот Ки ја прифати оставката на својот министер.

– Иако станува збор за случај пред Бенкс да биде избран за пратеник во 2011 година и пред да биде член на владата, апсолутно е исправно неговото решение да се повлече од министерскиот состав, изјави премиерот Ки.

Доскорешениот министер Бенкс тврди дека не сторил ништо лошо и дека својата невиност ќе ја докаже во текот на судењето.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Еруптираше вулкан на Нов Зеланд, откажани авионски летови

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

(ВИДЕО) Маж од Нов Зеланд упадна во кинески ресторани, па со секира и чекан ги нападна гостите

Земјотрес во Нов Зеланд со јачина од 6,2 степени

Ана Ололовска

Новозеланѓаните кои живеат во Австралија четири или повеќе години ќе можат да аплицираат за државјанство

Ана Ололовска