Оставка на директорот на „Хипо“ банка поради „Панамските документи“

Од:

Претседателот на Управниот одбор на австриската банка „Хипо Форарлберг“, Михаел Грамер поднесе оставка на функцијата, откако името на банката се појави во документите кои истекоа од паманската адвокатска фирма „Мосак Фонеска“.

Грамер во својата изјава нагласи дека оставката не е признавање на вина, туку лична одлука, за која одамна размислувал.

Тој додаде дека е убеден во законитоста на зделките, извршени од страна на банката.

Во трансакциите на офшор компаниите сепак јасно се гледа кој стои зад сумите.

– Тој е олигарх, богат Русин, го коментира Грамер обвинението од „Панамските документи“, дека работел со рускиот милијардер Генадиј Тимченко.

Грамер додаде дека постојатно било истражувано се во врска со Тимченко и оти при тоа не било откриено ништо сомнително.

– Тој е трговец со природни ресурси, кој се збогатил со трговија со нафта и природен гас. Сметаме дека не е ништо лошо што имаме богат руски клиент, смета Грамер.

Банкарот е во Управниот одбор на „Хипо Форарлберг“ од 2004 година, а претседател на Одбор стана во 2012 година.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он

Пронајден е автомобилот на убиецот Роланд Дрекслер, полицијата интензивно трага по него

Австриската полиција трага по убиецот на градоначалникот на општина Кирхберг

Убиство во Австрија: Ловџија усмрти градоначалник