Осомничениот за терористичкиот напад во Франција, призна дека го убил својот работодавач

Од:

Јасин Салхи, осомничен за убиството и обезглавувањето на својот работодавач 54 – годишниот Ерве Ц., призна дека го убил, пренесува дописникот на МИА од Париз, повикувајќи се на повеќе француски медиуми.

Откако беше уапсен и потоа лекуван во болница во Лион, Јасин Салхи беше притворен и пренесен во антитерористичката полиција во Париз, каде започна да зборува, откако избра да молчи по апсењето.

Според истражните органи тој дал повеќе елементи за начинот на кој го извршил убиството, откако прво тврдел дека страда од амнезија.

Според елементите од истрагата, убиецот Јасин Салхи за последен пат бил забележан со жртвата Ерве Ц. во петокот во 7 часот и 30 минути. Во 9 часот и 28 минути Јасин Салхи се претставил пред фабриката Ер Продуктс во Сант Кантан Фалавие. Во текот на седум минути и надвор од полето кое го покриваа камерите за видео-надзор тој ја уредува сцената со отсечената глава на својот работдавач, со две изламски знамиња, едното црно, другото бело на кои имало религозен текст од исламот. Во 9 часот и 35 минути удира со возилото а уапсен е нешто пред 10 часот, кога извикувал „Алах Акбар“, објавува весникот Журнал ди диманш.

На местото на сцената на ужасот е откриен нож и лажно оружје. Иследниците мислат дека Јасин Салхи го искористил лажното оружје за да му се закани на својот работодавч, но првите елементи од медицинскиот извештај не дозволија да се дознае дали жртвата на која имало траги од давење, била се уште жива кога и била отсечена главата.

Истражаните органи ги лишија од слобода неколкумина блиски на Јасин Салхи, меѓу кои неговата сопруга и сестра и сега работат на откривањето на кого му беше упатена „селфи“ фотографијата на која тој позира со отсечената глава, направена од Јасин Салхи со својот смартфон. Бројот на мобилниот телефон е од Канада, испратен со апликацијата ВатсАпп, и се сомнева дека овој број послужил само за пренесување на фотографијата до финалната дестинација. Во истрагата е вклучена и канадската полција.

Изутринава премиерот на француската влада Мануел Валс на радиото Еуроп1 изјави:„Постои определба на Даеш (исламската држава) да ги нападне нашите универзални вредности. Овие џихадисти не се борат против Западот, туку против универзалните вредности.“

Тој понатаму додаде дека заканата од тероризмот ќе биде постојана и на високо ниво и таа ќе трае долго.

– Ние сме соочени со војна против џихадистите, тероризмот и радикалниот исламизам. Ние не можеме да ја изгубиме оваа војна на цивилизациите, нагласи Валс.

Според него државата е најдоброто оружје против тероризмот и одби да води полемика за средствата кои се посветени на средствата за борба против тероризмот.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано