Осомничени 17 лица за нападот во Истанбул, депортирани 29 лица

Од:

Суд во Турција одреди притвор до почетокот на судењето за 17 осомничени за организација на бомбашкиот напад во Истанбул, во кој загинаа шестмина, а 81 лице се здобија со повреди.

Тие се обвинуваат за напад врз унитарноста на државата, намерни убиства и за обиди за убиства, јави агенцијата Анадолија.

Судот од притвор ослободи тројца осомничени, до почетокот на судењето.

Издадена е и наредба од Турција да се депортираат 29 лица, кои полицијата ги уапси во врска со нападот.

Како што пишуваат дел од медиумите, турските власти за нападот го обвинија сирискиот огранок на Курдската работничка партија (ПКК). Меѓутоа, ПКК негираше вмешаност во овој напад.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нури Аслан избран за привремен градоначалник на Истанбул

(ВИДЕО) Полицијата уапси 43 демонстранти во центарот на Истанбул

ВИДЕО: Уапсениот градоначалник на Истанбул денеска пред суд, масовните протести продолжуваат

Приведен градоначалникот на Истанбул

А1он

Во Истанбул за месец и пол умреле 37 лица од лажен алкохол

А1он

Во близина на Истанбул е откриен дрон полн со експлозив