Основачот на трговскиот ланец „Метро“ се самоуби

Од:

Милијардерот од Германија, Ото Бајсхајм и основачот на трговскиот ланец „Метро“ денес се самоуби, на 90-годишна возраст.

Компанијата за односи со јавноста „Брунсвки груп“, во името на „Метро“ ги потврди информациите на медиумите, дека познатиот милијардер извршил самоубиство.

Во соопштението се наведува дека Бајсхајм имал неизлечива болест и дека се опростил од животот поради безнадежна здравствена состојба.

Тој беше еден од основачите на „Метро“ во 1964 година. Поседуваше 10 проценти од акцијата на компанијата која има вработено 280 илјади луѓе во 32 држави, во вредност од околу 8,9 милијарди евра.

Според германските медиумите тој бил еден од најбогатите Германци со имот од околу 4,8 милијарди евра, а наследството од околу три милијарди евра ќе отиде во две хуманитарни организации, бидејќи нема директен наследник.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија