Колективниот имунитет во Европа ќе се постигне до јули или најдоцна до август, кога околу 60 проценти од Европејците ќе бидат вакцинирани против коронавирусот, тврди научникот и основачот на германската компанија „БиоНТек“, Угур Сахин.
Тој тврди дека ќе биде потребно да се прими третата доза од вакцината, бидејќи по најмногу девет или 12 месеци, антителата во организмот на вакцинираните лица се намалуваат.
Во иднина, Сахин вели дека ревакцинацијата против Ковид-19 ќе треба да се повторува на една и пол година, а според него, вакцината на Фајзер/Бионтек делува на сите сега познати варијанти.
– Го испитавме влијанието на вакцината врз 30 мутации на вирусот и откривме дека таа делува, односно обезбедува заштита против сите досега познати мутации, истакна Сахин.