Ослободените нигериски девојчиња не се оние од училиштето во Чибок

Од:

Девојчињата кои нигериската армија синоќа ги спаси од рацете на терористичката група Боко Харам не се истите кои минатиот април беа киднапирани од спалните соби во нивното училиште во местото Чибок, соопшти портпаролот на нигерискаата армија, полковник Сани Усман.

Во воената операција на освојување на шумата Самбиса, што беше под контрола на Боко Харам, спасени се 200 девојчиња и 93 жени, кои терористите ги држеле заробени, објавлено е денеска, но во првиот момент не се знаеше дали меѓу нив се и ученичките киднапирани пред една година во Чибок, пренесува Фена.

Во текот на акцијата во шумата Самбиса уништена се и три кампа на Боко Харам, соопшти нигериската војска.

Од 2009 година во бунтот на Боко Харам сеу биени најмалку 15.000 лица, главно на северот од Нигерија, додека 1,5 милиони лица мораа да ги напуштат своите домови.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он