Ослободени обвинетите за заговор во убиството на Бенизар Буто

Од:

Специјалниот суд во Равалпинди ослободи петмина Пакистанци, обвинети за заговор во врска со убиството на поранешниот премиер, Бенизар Буто, извршено во 2007 година.

Ваквата одлука била донесена поради недостиг на докази против обвинетите за поврзаност со пакистанските талибанци.

Судот истовремено осуди двајца полицајци за небрижност и за лошо извршување на задачите, затоа што не го спречиле убиството.

Овој вонреден пакистански суд, исто така, објави дека поранешениот претседател Первез Мушараф, кој е еден од обвинетите во овој случај, го прогласува за „бегалец од правдата“.

Мушараф од минатата година живее во самоопределен егзил а со одлуката на судот, како на обвинет во бегство, му се заканува конфискување на целиот имот.

Засега нема никаква реакција од Мушараф на одлуката на судот.

Во време на атентатот врз Буто, владата на Мушараф за убиството го обвинуваше водачот на пакистанските талибанци Бејтулах Мехсуд, кој во 2009 година беше убиен во напад на американско беспилотно летало.

Бенизар Буто, која на два пати беше премиер на Пакистан, беше убиена во Равалпинди, при напад со бомба и огнено оружје во тек на предизборен митинг.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица