Ослободени француските новинари кои беа приведени во Венецуела

Од:

Двајцата француски новинари кои беа уапсени додека известуваа за политичката криза во Венецуела денеска се ослободени, соопшти уредништвото на емисијата „Котидијан ТВ шоу“, каде работат новинарите.

– Среќни сме што можеме да објавиме дека Батист де Монстије и Пјер Кај се ослободени и наскоро ќе допатуваат во Париз, објави „Котидијан ТВ шоу“ на Твитер.

Претходно, шпанската новинска агенцијата ЕФЕ јави дека колумбискиот фотограф Леонардо Мунос вчера исчезнал во Каракас, а двајца шпански репортери Гонсало Домингес и Колумбијката Маурен Бригу биле одведени од нивната канцеларија од страна на припадниците на венецуелската разузнавачка служба Себин.

Шпанската Влада соопшти и дека државјанин на Венецуела кој работи за ЕФЕ исто така е приведен.

Новинарите се приведени по депортацијата на двајца новинари од Чиле, кои во текот на неделата беа уапсени во Венецуела.

Кризата во Венецуела се повеќе се продлабочува, Врховниот суд му забрани на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, кој се прогласи за привремен претседател, да ја напушта земјата, а тој повикува на нови протести.

Европскиот Парламент денеска го призна Гуаидо за претседател на Венецуела.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски