Ослободени двајцата новинари на Ал Џезира, кои една година беа притворени во Египет

Од:

Египетски суд денеска нареди ослободување на двајцата новинари на пан-арапската телевизија Ал Џазира, Мохамед Фахми и Бахер Мохамед, кои повеќе од една година беа притворени во земјата заради нивната претопоставена поддршка за исламистичката опозиција, пренесоа француските медиуми.

Судот нареди канадскиот новинар Мохамед Фахми да биде пуштен на слобода под гаранција од 250.000 египетски фунти (29.000 евра), а неговиот египетски колега Бахер Мохамед, исто така, беше ослободен.

Пред две недели беше ослободен и австралискиот новинар Питер Грест, кој беше протеран од Египет. Грест беше уапсен во декември 2013 година заедно со својот колега Фахми. Тие беа приведени во хотелска соба во Каиро, каде, според обвинението, „без одобрение“ отвориле дописнички пулт на телевизијата. Малку подоцна полицијата го приведе и Бахер Мохамед.

Во јуни минатата година тројцата новинари добија казни од седум до 10 години затвор под обвиненија за соработка со забранетата партија „Муслиманско братство“ и за ширење невистинити вести, со што го нарушиле имиџот на Египет во странство.

Овие казни предизвикаа загриженост кај меѓународната заедница и египетските власти ги стави во незавидна ситуација.

Во јануари Касацискиот суд ги укина пресудите и на понискиот суд му нареди спроведување нов процес. Следното заседание во овој нов процес ќе биде на 23 февруари.

Би можело да ве интересира

Коцевски: Јавно ја осудувам секоја форма на притисок и закани кои се насочени кон замолчување на новинарите

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Почина Исуф Кадриу, дописник на РСЕ од Скопје

Предраг Петровиќ

Ден на слободата на медумите – македонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

А1он

Со плати под просечната, новинарите даруваа крв и го одбележаа Светскиот ден на медиумите – 3 мај

A1on

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on