Шефот на француската дипломатија Лорен Фабиус соопшти дека француската хуманитарка киднапирана во понеделникот во Банги во Централноафриканската Република е ослободена, јави дописникот на МИА од Париз.
– Нашата сонародничка Клаудија Приест, која беше киднапирана на почетокот од неделата во Централноафриканската Република, конечно е ослободена. Тоа преставува огромно олеснување за сите оние кои работеа на среќната разврска, нагласи Фабису во соопштение за печатот.
Приест беше киднапирана од анти-Балака милитантните групи.