Ослободен српскиот инженер, кој беше киднапиран во Либија

Од:

Српскиот инженер, кој беше киднапиран од неидентификувани киднапери во Либија, е ослободен, соопшти денеска српското Министерство за надворешни работи.

Миролав Томиќ (36) е киднапиран во саботата на 23 април во Либија.

Томиќ, кој работи на нафтени полиња оддалечени 1.200 километри од Триполи бил киднапиран при контролата на нафтеното наоѓалиште „Месина Оилфилд“, кое е во сопственост на компанијата „Арабијен Голд Олив Копани“.

– Имаме потврдена информација дека тој бил ослободен од заробеништво. Информирани сме дека тој ќе се јави на работното место утре, изјави портпаролот на српското Министерство за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија