Ослободен приведениот американски новинар во Венецуела

Од:

Властите во Венецуеала го ослободија американскиот нивинар Коди Ведл и неговиот соработник откако повеќе од 12 часа поминаа во притвор.

Безбедносните сили во Венецела вчера го приведоа Ведл од неговиот стан во Каракас.

Група од пет мажи во црни униформи, носејќи пишан налог, влегле во станот на Ведли. По два часа тие заедно со Ведли, кој носел голем куфер и торба со опрема, го напуштиле станот.

Ведли повеќе од четири години известуваше од Венецуела, а во последно време работеше како слободен новинар за Еј-Би-Си во Мајами.

И помошникот на Ведли, Карлос Камачо на сличен начин бил одведен од неговиот дом.

Се уште не е познато зошто двајцата новинари се приведени.

Нивното апсење се случи истиот ден кога Владата на Венецуела соопшти дека го протерува амбасадорот на Германија, Данијел Мартин Кринер од Каракас поради мешање во внатрешните работи на земјата.

Би можело да ве интересира

Белата куќа веста за заминувањето на Илон Маск од функцијата ја нарече „ѓубре“

Предраг Петровиќ

Трамп: Денес е ден на ослободувањето во Америка

Горан Наумовски

Стармер: Преговорите со САД за трговскиот договор „добро напредуваат“

Баербок: Преговорите меѓу Русија и САД се во ќорсокак

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Кина е најголема закана, САД ќе ја поддржат Европа само со нуклеарно одвраќање против Русија