Оскар Писториус во домашен притвор по десет месеци во затвор

Од:

Параолимпиецот Оскар Писториус, кој донеодамна беше спортски херој на Јужна Африка во петок ќе биде пуштен од затворот во Преторија и префрлен во домашен притвор, соопштија неговите адвокати.

Затворската ќелија во затворот Кгоси Мампуру, добитникот на златен медал од Параолимписките игри во Лондон, во 2012 година, ќе ја замени со престој во луксузната куќа на  неговиот вујко, што се наоѓа во отмениот кварт во Преторија.

Писториус кој трча со специјално дизјанирани протези, затоа што му се ампутирани двете нозе, помина во затвор само десет месеци, од неговата казна од пет години, на која беше осуден за ненамерно убиство на својата девојка, Рева Стенкамп.

Во февруари 2013 година, на Свети Валентин (Денот на вљубените) Писториус пукал четири пати низ затворената врата на бањата во неговата вила во Преторија и притоа ја уби Стенкамп, со која се вратил во куќата по заеднички поминатата вечер за прославување на празникот.

На судењето тој тврдеше дека пукал низ вратата мислејќи дека во бањата се крие провалник, незнаејќи дека Стенкамп во меѓувреме влегла во просторијата.

Обвинителот, меѓутоа, го обвинуваше Писториус дека намерно ја убил својата девојка и тоа го објаснуваше со „бурната и гласна расправија“ меѓу нив двајцата, за што како сведоци беа понудени некои соседи кои тврдеа дека слушнале „караница“.

Долготрајниот судски процес, што предизвика голем публицитет низ светските медиуми, заврши со пресудата во која Писторису беше прогласен за виновен за ненемарено убиство.

Според јужноафриканските прописи, Оскар Писториус може да остане во домашен притвор до истекот на петгодипната казна. Но тој може да биде вратен во затвор, доколку во ноември, биде прифатена жалбата на Обвинителството и барањето за преиначување на пресудата во убиство со умисла.

За ваквата пресуда, казната изнесува до 15 години затвор.

Би можело да ве интересира

Оскар Писториус излегува на слобода

Катерина Ѓуровски

Писториус префрлен во друг затвор

Ана Ололовска

Можно условно ослободување за Оскар Писториус

Ана Ололовска

Писториус повреден во затворска тепачка

Ана Ололовска

За повеќе од двојно зголемена затворската казна за Писториус

Наум Локоски

Оскар Писториус се повредил во затворскаата ќелија

Емир Латифовиќ