Писториус повреден во затворска тепачка

Од:

Некогашниот параолимпиец Оскар Писториус е повреден во затворска тепачка, наводно поради телефон, објавија јужноафриканските медиуми.

– Писториус има модринки кои настанале во инцидентот со друг затвореник, и тоа во врска со телефонот, изјави портпаролот на затворот во Атриџвил, каде Писториус беше преместен во ноември 2016 година.

Писториус е осуден на 13 години затвор за убиството на неговата девојка Рива Стинкемп, кое се случи на Денот на вљубените во 2013 година. Спортистот тогаш, во своја одбрана, тврдеше дека мислел дека пука кон провалник.

Минатиот месец, Апелациски суд ја удвои првичната казна за Писториус.

Би можело да ве интересира

Оскар Писториус излегува на слобода

Катерина Ѓуровски

Писториус префрлен во друг затвор

Ана Ололовска

Можно условно ослободување за Оскар Писториус

Ана Ололовска

За повеќе од двојно зголемена затворската казна за Писториус

Наум Локоски

Оскар Писториус се повредил во затворскаата ќелија

Емир Латифовиќ

Оскар Писториус осуден на шест години затвор за убиство

Емир Латифовиќ