Оскар Писториус ќе се соочи со судење за убиство на својата девојка

Од:

Јужноафриканскиот атлетичар Оскар Писториус ќе биде изведен на судење, под обвинение дека ја убил својата девојка Рева Стенкамп.

Судот во Преторија денеска ги прифати доказите на јужноафриканската полиција и на јавното обвинителство и одлучи судењето на атлетската и спортска ѕвезда на Јужна Африка, да се оддржи во март, идната година.

На денешното сослушување, Писториус одново ги отфрли обвинувањата дека ја убил својата девојка. Според неговото објаснување, тој пукал низ затворената врата во бањата на својата куќа во Преторија, мислејќи дека таму се крие некој провалник, но наместо тоа, ја убил девојката.

Писториус инсистира дека не знаел оти Стенкамп, која беше познат јужноафрикански фото модел, во тој момент била во бањата.

Обвинителство меѓутоа не ја прифаќа верзијата за случајот на Писториус и тврди дека тој ја убил девојката со умисла, откако претходно меѓу нив двајцата имало бучна расправија. Истрагата располага со докази за ваквото обвинување и посочува сведоци и форензички сознанија кои ќе бидат презентирани на судењето.

Инцидентот се случи во февруари годинава. Писториус беше пуштен да се брани од слобода, со платена кауција. Во текот на летото се обиде да се појави на некои атлетски натпревари, но меѓународната федерација не се согласи човек кој е обвинет за убиство да се учествува на атлетски турнири.

Оскар Писториус е спортски херој и идол на многу мади во оваа земја. Тој ги има загубено двете нозе, од под колената, па трча со специјално направени помагала. Писториус е едниствениот атлетичар кој настапи на Олимпијадата и на Параолимписките игри во Лондон, минатаа година.

Би можело да ве интересира

Османи во Њујорк: Ќе се воспостават дипломатски врски со Јужноафриканска Република

Орце Костов

Три лица загинаа, а 40 се повредени кога се урна ѕид од брана во рудник во ЈАР

Горан Наумовски

Наезда на скакулци во ЈАР

Ана Ололовска

ЈАР: Наместо пофалби, светот ја казнува ЈАР за откривањето во рана фаза на нова мутација на коронавирусот

Ана Ололовска

Обвинители тврдат дека поранешниот јужноафрикански претседател Џејкоб Зума примил мито повеќе од 700 пати

Ана Ололовска

Место со вакцината на „АстраЗенека“ ЈАР ќе се имунизира со вакцината на „Џонсон& Џонсон“

Ана Ололовска