Судот во Преторија наложи познатиот јужноафрикански атлетичар Оскар Писториус да биде подложен на психијатриско испитување,за да се утврди неговата ментална состојба. Во образложението на судијата на процесот против Писториус се вели дека иако судот располага од порано со сознанија за психичката состојба на обвинетиот, потребно е дополнително испитување,за да добие поцелосна слика за менталното здравје на Писториус.
Ваквото решение претставува пресврт во судењето,кое според првите најави требаше да заврши до крајот на овој месец.Ваквите испитувања бараат најмалку еден месец за спроведување на сите тестови,па реќиси е сосема извесно дека процесот против ателетската ѕвезда и спортски херој на Јужна Африка,што предизвика интересирање низ целиот свет,ќе биде продолжен за повеќе недели,или месеци.
Барањето за психијатриско испитување го даде обвинителот на судењето,а на тоа се противеше адвокатот на Писториус,што е сосема обратно од вообичаеаната постапка во вакви случаи,затоа што обично одбраната бара испитување на менталната состојба на својот клиент. Писториус е обвинет за убиство на својата девојка Рива Стенкамп,по „бурната расправија“ во неговиот дом во Преторија.
Во неколкудневното испрашување,обвинителот настојуваше да го докаже тоа,прикажувајќи го атлетичарот како избувлив и како човек кој лесно се фаќа за оружјето.
Тој меѓутоа остана на тврдењето дека станува збор за „несреќен и трагичен инцидент“.
Писториус призна дека пукал низ вратата на бањата во неговата куќа,откако таму слушнал „сомнителни шумови“.
Тој се брани дека истрелал четири куршуми од својот револвер, мислејќи дека таму е сокриен некој провалник и незнаејќи дека во бањата е неговата девојка.
Во текот на сослушувањето,Писториус им се извини на родителите на Стенкамп,но инсистираше дека тие биле вљубени еден во друг и дека правеле планови за заедничка иднина,а во еден момент доживеа и краток нервен слом,па судењето беше прекинато. Обвинителот сега смета дека наодите од новата експертиза за менталната состојба на обвинитиот би можела да биде од исклучително значење за процесот.