Оштетена е последната линија за напојување на нуклеарната централа во Запорожје, драматичен апел од Киев

Од:

Русија утрово и зададе уште еден силен удар на енергетската инфраструктура на Украина, а цел беа енергетските капацитети во седум региони – Киев, Миколаев, Харков, Запорожје, Одеса, Днепропетровск и Житомир, изјави украинскиот министер за енергетика Херман Галушченко.

Во објава на каналот Телеграм на министерството, тој изјави дека Русите го ставаат светот на работ на нуклеарна катастрофа, со оглед на тоа што поради гранатирање е оштетена последната линија за снабдување со електрична енергија на нуклеарната централа во Запорожје, а станицата е моментално работи на дизел генератори, пренесува Интерфакс Украина.

Агенцијата наведува дека во четвртокот вечерта било соопштено дека поради гранатирање, нуклеарната централа во Запорожје, во која ниту еден од шесте блокови не работи веќе неколку месеци, ја загубила можноста за набавка на електрична енергија за сопствени потреби од мрежата и повторно се префрли на дизел генератори.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск