Оружен напад во канадска црква, едно лице загина

Од:

Едно лице е убиено откако непознат напаѓач отворил оган во црква во градот Салмон Арм, во канадската провинција Британска Колумбија.

– Млад маж се појави со пушка по литургијата во црквата, ја насочи кон татко ми и пукаше во него, сведочи синот на убиениот.

Жртвата е 78-годишниот Гордон Парментор.

Според синот на Парментор, по нападот мажот веднаш ја напуштил црквата, а потоа се вратил и продолжил да пука.

– Тој погоди друг човек во нога, кој бегаше… Јас и неколку други луѓе успеавме да го совладаме и да му го одземеме оружјето, објасни синот на загинатиот.

Подоцна полицијата го потврди инцидентот и додаде дека застреланиот маж во ногата бил пренесен в болница и се наоѓа во стабилна состојба, а напаѓачот е уапсен.

Синот на жртвата тврди дека неговиот татко и убиецот се познавале. За напаѓачот вели дека имал психички проблеми, но мотивот за нападот се уште не е познат.

Би можело да ве интересира

Во Отава: Шест лица се убиени во куќа, меѓу кои четири се деца

Горан Наумовски

Тела на три деца и две жени пронајдени во Манитоба

ВИДЕО: Мистериозен остаток од брод се појави на канадскиот брег

Тројца Италијанци загинаа во хеликоптерска несреќа во Канада

ВИДЕО: Масовен убиец по пошта, испраќал отров на луѓе да се самоубиваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пукање во Канада: Тројца мртви, двајца во критична состојба