Неколку луѓе загинаа откако вооружени напаѓачи отворија оган на факултет во Пешавар, град на север во Пакистан.
Во нападот на Земјоделскиот факултет учествувале најмалку тројца напаѓачи, маскирани во бурки, кои се ликвидирани. Армијата била повикана да интервенира.
Напаѓачите влегле во објкетот на факултетот со моторизирани рикши, а лицата им биде целосно покриени со бурки. Во нападот ранети се пет луѓе. Сите улици кон факултетот се блокирани.