Поранешниот венцуелски државен обвинител Луза Ортега Дијаз изјави во Бразилија дека располага со докази за „корупцијата во политичкиот врв на Венецуела, вклучувајќи го и претседателот Николс Мадуро“.
Покрај претседателот, таа за корупција обвини и дваја лидери на владеачката партија на Венецуела и новопоставениот државен обвинител Тарек Сааб.
Ортега, која е поранешен политички сојузник на Мадуро, побегна од Каракас во соседна Колумбија, заедно со својот сопруг, откако беше сменета од функцијата по острите критики што ги упати кон претседателот и неговата власт, која се повеке се претвара во диктатура.
Во колумбискиот главен град Богота, таа изјави дека морала да избега од Венецуела, затоа што стравувала и се уште стравува за својот живот.
Во бразилскиот главен град, каде учествуваше на конференција на обвинителите од региналната јужноамериканска група „Меркосур“, Ортега соопшти дека има „цврсти докази“ за корупцијата на Мадуро и за примање поткуп од големата бразилска градежна компанија „Одебрехт“, во што покрај претседателот се вклучени и други високи државни функционери.
Покрај поткуп од бразилската компанија, некои венецуелски политичари земале поткуп и од домашната нафтена компанија, која е под контрола на државата.
„Одебрехт“ е вклучена и во корупциски скандали во Бразил, но засега нема реакција на изјавите и обвинувањата од поранешниот државен обвинител во Венецуела.
Претседателот Мадуро издаде меѓународна потерница за Ортега и за нејзиниот сопруг, обвинувајќи ги за вмешаност во „сериозни кривични дела“. Двајцата тој ги обвини дека работат за интересите на САД.