Организаторите на АПЕК избркаа новинари од Хонг Конг поради поставување „незгодни прашања“

Од:

Организаторите на Самитот на организацијата на Азиско-пацифичка економска соработка (АПЕК) им ги одземаа акредитациите на новинари од Хонг Конг, кои му поставиле „незгодни прашања“ на филипинскиот претседател Бенино Акино во врска со неговото одбивање да се извини за убиството на хонгкошки туристи во Манила пред три години.

Репортери од телевизиите „Нау“ и „Хонг Конг“ и од хонгконшкото Приватно радио го прашале Акино, додека вчера минувал покрај нив, дали би се сретнал со главниот администратор на Хонг Конг и би им се извинил на семејствата на жртвите.

На нивните прашања тој не одговорил. Веднаш потоа претставници од АПЕК се сретнаа со новинарите, обвинувајќи ги дека му направиле заседа на филипинскиот претседател и го ставиле во незгодна ситуација.

Според организацискиот комитет на АПЕК одземени им се акредитациите на деветмина новинари од Хонг Конг.

Би можело да ве интересира

Најмалку 81 лице загина во невремето Трами на Филипините

А1он

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Кинескиот суд одлучи: Затвор за лицата кои упаднаа во градското собрание во Хонг Конг

Горан Наумовски

Хонг Конг: Седуммина уапсени во случај на „перење“ 1,8 милијарди долари