ОЗХО: Проверките на сириските арсенали да почнат најдоцна до вторник

Од:

Организацијата за забрана на хемиското оружје апелира проверките на сирискиот хемиски арсенал да почнат најдоцна до вторник, се наведува во предлог-заклучокот што се очекува да биде усвоен на вечерашната седница на Извршниот советt на Организацијата.

Инспекторите треба да имаат достап до сите места, каде има сомнеж за присуство на хемиско оружје, па дури тие и да не се споменати во официјалниот список што го достави од Сирија, се невадува во документот.

Се очекува вечерва Извршниот совет на Организиацијата, која вклучува 41 земја, да го договори конечниот план за уништување на оружјето, што се подготвува речиси две недели зад затворени врати.

Синоќа, петте постојани земји-членки на Советот за бебзедност на ОН постигнаа договор за текстот на овој документ. Предлог-резолуцијата предвидува можност Советот за безбедност на ОН да воведе санкции кон Дамаск доколку планот за хемско разоружување не биде почитуван.

Би можело да ве интересира

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети

Избегнат руско-американски инцидент во Сирија