Организации на потрошувачи: ЕМА да се ангажира повеќе околу недостигот на антибиотици

Од:

Европската агенција за лекови треба да стори повеќе за да се справи со недостигот на некои широко распространети антибиотици во регионот, се вели во писмото од група европски организации за пациенти и потрошувачи.

Писмото до Европската агенција за лекови (ЕМА) е испратено во време кога антибиотиците, вклучително и амоксицилин и амоксицилин плус и клавуланска киселина, а особено формулациите за деца, се дефицитарни од октомври минатата година.

Во писмото се вели дека мерките како што е замената на амоксицилин со други антибиотици влијаеле на залихите на некои други лекови и дека моменталните чекори што се преземаат за справување со недостигот не ја решија кризата.

Конзорциумот побара од ЕМА да го прогласи тековниот недостиг на антибиотици како „голем настан“, што би значело дека агенцијата може да ги координира активностите за справување со недостигот на паневропско ниво и да бара од производителите да известуваат за своите обврски.

Писмото беше потпишано од 11 организации, меѓу кои и Европската алијанса за јавно здравје (EPHA), Европската организација на потрошувачи (BEUC) и Европската фондација за нега на новороденчиња (EFCNI).

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

ЕМА: Не знаеме какви соеви на Ковид-19 ќе се појават зимава

А1он

Одобрена вакцина против мајмунски сипаници

ЕМА се надева дека до септември ќе ги одобри прилагодените вакцини за омикрон сојот

А1он

ЕМА разгледува вакцинација на деца под петгодишна возраст

А1он

ЕМА: Рано е да се зборува за втора засилувачка доза вакцина против Ковид-19

А1он