Орбана: Не се мешајте во внатрешните закони на земјите-членки

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Европската Комисија (ЕК) треба да се воздржи од мешање во спроведувањето на законите во земјите-членки, одговарајќи на изјавата на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, во врска со одржувањето на Парадата на гордоста во Будимпешта.

Фон дер Лајен претходно ги повика унгарските власти да дозволат одржување на настанот планиран за претстојниот викенд, објави МТИ.

Орбан одговори велејќи дека ЕК „нема никаква улога“ во внатрешните работи на спроведувањето на законот во земјите-членки и побара наместо тоа да се фокусира на она што тој го нарече „итните предизвици со кои се соочува ЕУ, како што се енергетската криза и падот на конкурентноста“, каде што Комисијата, рече тој, има јасна одговорност и каде што „направила сериозни грешки во последните години“.

Би можело да ве интересира

Унгарците насилно го инјектирале Украинецот кој транспортираше десетици милиони евра и злато

Русите го фалат Орбан – ЕУ подготвува „Шарена револуција“, сакаат да го соборат

Орбан: Отворете ја „Дружба“ или Украина ќе остане без кредит

Орбан: Украинците се способни да го оштетат сопствениот нафтовод

Унгарија ги блокира санкциите кон Русија

Седум деца исчезнаа во близина на границата со Србија, најмладото има само две години