Орбан: Војната во Украина е конфликт меѓу два словенски народи

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска го одржа својот редовен годишен говор за состојбата на унгарската нација, во кој истакна дека Европа постојано балансира на работ на војна со Русија, а веќе е во тек непосредна војна бидејќи „Западот обезбедува повеќе и повеќе смртоносно оружје за Киев, па дури и може да испрати мировни сили во Украина“.

„Европските земји, како месечари на покривот, постојано балансираат на работ на војна со Русија. Ако доставувате оружје, давате сателитски информации, обучувате војници на една од завојуваните страни, ја финансирате работата на целиот државен апарат, воведувате санкции против другата страна, што и да кажете, вие учествувате во војната, засега индиректно“, изјави Орбан.

Единствениот соодветен излез за Унгарија, смета Орбан, е да се држи настрана од конфликтот бидејќи тој се случува меѓу два словенски народи и не е близок до Унгарците.

„Конфликтот во Украина може да заврши само со преговори меѓу Русија и САД. Тоа неизбежно ќе се случи, а колку подоцна се случи, толку ќе биде повисока цената“, смета Орбан. Тој посочи дека унгарската влада не верува оти Русија ја поткопува безбедноста на Унгарија и на цела Европа.

„Кога станува збор за атомско оружје, ситуацијата е таква што војната во Украина ниту го зголемува ниту го намалува ризикот од нивна употреба“, рече тој. На крајот тој ги критикуваше Киев, Брисел и Вашингтон за нивниот однос кон унгарското национално малцинство во западна Украина.

„Додека многу Унгарци во Украина умираат со херојска смрт на фронтот, унгарските национални симболи во Мукачево и Мункач се отстрануваат, а унгарските директори на училишта се менуваат“, заклучи Орбан.

Би можело да ве интересира

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ

Орбан: Западните земји треба многу сериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на „орешкин“

Орбан: Ќе го поканам Нетанјаху да ја посети Унгарија

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување