Орбан вети дека на Украина ќе и испрати помош од 187 милиони евра откако носеше шал со карта на „Голема Унгарија“

Од:

Унгарија вети дека ќе испрати 187 милиони евра во Украина како дел од планираниот пакет помош од ЕУ. Владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан соопшти дека е подготвена да го исплати својот дел од помошта за Украина, но во исто време рече дека повеќе би сакала билатерално да плаќа отколку во рамките на ЕУ.

Орбан, наиде на жестоки критики од Украина откако неодамна објави фотографија на која се појавува со шал на која е прикажана карта на Голема Унгарија, која вклучува делови од Украина и други соседни земји, вклучително и Хрватска. Поради ова Киев го испрати на разговор унгарскиот амбасадор.

Поддршката на Унгарија за Украина од почетокот на инвазијата беше, благо кажано, нешто помалку ентузијастичка од онаа на многу други западни сојузници. Во најголем дел, Орбан се обиде да остане настрана од конфликтот, кој многу други европски земји го гледаа како предавство на заедничките вредности. Меѓу другото, Орбан забрани западни пратки на оружје да минуваат низ Унгарија и го блокираше проширувањето на европските санкции против Русија во енергетскиот сектор.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Унгарија е единствената земја што го блокира членството на Украина во ЕУ

На Москва не и се допаѓа специјалниот пратеник на Трамп за Украина и Русија

ВИДЕО: Украинците повторно нападаа рафинерија во Русија

Руте: Земјите-членки на НАТО мора да произведуваат повеќе оружје

Стармер: На Украина и се потребни дополнителни безбедносни гаранции поради амбициите на Путин

Сијарто: Невозможно е Украина да влезе во ЕУ пред земјите од Западен Балкан