Орбан: Веќе една деценија ги штитиме Унгарија и Европа од нелегална миграција

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека Унгарија се штити себеси и Европа од нелегална миграција веќе една деценија, откако ја „заклучи“ својата граница пред десет години.

„Тој потег предизвика гнев и закани во Брисел и стигматизација на Унгарија во западните престолнини, но ние истрајавме, ја затворивме јужната граница и рековме дека само оние на кои им дозволуваме можат да стапнат на унгарска почва“, рече унгарскиот премиер во објава на Фејсбук, пренесува MTI.

Орбан оцени дека Берлин, Стокхолм, Виена и Париз биле сведоци на компромитирана јавна безбедност во изминатите десет години, додавајќи дека мигранти ги тероризираат жителите во тие градови и дека експлозиите и убиствата сега се секојдневна рутина.

Би можело да ве интересира

ЕУ подготвува построги правила за азил и побрза депортација на мигранти по кризата во Сеута

Орбан предупреди: На Унгарија ѝ се заканува враќање во должничко ропство

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“

Мaѓар: Будимпешта не поддржува забрзан прием на ниту една земја во ЕУ

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Унгарија и по Орбан сака да одржува конструктивни односи со Русија