Орбан: Трамп ја изеде Урсула за појадок

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, коментирајќи го трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, живописно оцени дека тоа не е договор, туку дека американскиот претседател Доналд Трамп „ја изел претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за појадок“, објави унгарската новинска агенција MTI.

Орбан во онлајн емисија наречена „Боен час“ изјави дека однапред го очекувал овој исход, со оглед на тоа што американскиот претседател е „тешкаш“ за разлика од претседателот на Европската комисија.

„Позицијата на американскиот претседател беше многу постабилна, додека позицијата на претседателката на Комисијата отсекогаш беше покревка“, додаде тој.

САД неодамна склучија сличен договор со Обединетото Кралство, кој е „многу подобар од овој“, смета Орбан. Тој додаде дека европскиот договор тешко дека ќе може да се претстави како успех.

Унгарскиот премиер, исто така, истакна дека верува оти проблемот е што, во согласност со договорот, Европејците ќе инвестираат неколку стотици милијарди евра во САД. „Но, кој ќе го направи тоа?“, праша Орбан, додавајќи дека Европската комисија нема капитал за инвестирање.

Тој исто така рече дека „наводно ќе треба да се купи оружје во вредност од неколку стотици милијарди евра“. „Но, кој ќе го направи тоа? Комисијата нема армија“, предупреди Орбан.

Би можело да ве интересира

Трамп: Се надевам на договор со Иран, ако не ќе видиме дали ајатолахот е во право

(ВИДЕО) Трамп: Ако Кина ја преземе Канада ќе го укине хокејот

Шокантни документи на ФБИ за поврзаноста на Трамп со Епстин

Катерина Ѓуровски

Одлуката е донесена: „Ќе се случи невиден напад“

Трамп: Планирам да разговарам со Иран

САД се заканија со санкции за земјите кои и испорачуваат нафта на Куба