Орбан со уставни амнадмани се бори против распределување мигранти во ЕУ

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан предложи уставни амандмани со цел забрана за масовно распоредување мигранти во таа држава.

Во пакет предложени промени на Уставот, Орбан наведува: Странски државјани не можат да бидат прераспределени во Унгарија“.

– Странски државјани (освен државјани на ЕУ) може да живеат во Унгарија само врз основа на поединечно барање одобрено од унгарските власти во согласност со законски одредби пропишани од парламентот, се вели во текстот на амандманот.

Амандманите ќе бидат ставени на гласање на 8 ноември.

Во други амандмани се вели дека „обликот и структурата на државата, територијата на државата и нејзиниот народ“ го прават „уставниот идентитет на унгарската нација“ кој не може да биде променет со кој било закон однадвор.

На референдум на 2 октомври 98 отсто гласачи беа против квоти за мигранти, но референдумот се смета за неуспешен бидејќи не излегле повеќе од 50 отсто избирачи.

Би можело да ве интересира

Унгарија: Најмалку 20 училишта евакуирани по закани за поставени бомби

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Приведени двајца криумчари на мигранти

Кичевчанец шверцувал петмина мигранти од Кина

Горан Наумовски

Пронајдени десет мигранти во две возила на преминот „Богородица“

Горан Наумовски