Орбан: Путин, за разлика од Брисел, секогаш ги одржувал своите ветувања

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин, за разлика од Брисел, секогаш ги одржувал ветувањата, додавајќи дека Унгарија во иднина може да и верува на Русија бидејќи блиската соработка со Москва е во геополитички интерес на Будимпешта.

„Кога требаше да се вратам на власт во 2009 година, се сретнав со Путин и се договоривме дека ќе се фокусираме на иднината. Ми беше јасно дека добрите односи со Москва и блиската економска соработка се во интерес на Унгарија“, рече Орбан, додавајќи дека склучиле многу договори и дека Путин секогаш го одржувал зборот.

Унгарскиот премиер во интервју за швајцарскиот весник Ноје Цурхер Цајтунг додаде дека искуството од изминатите 15 години покажува дека Унгарија може да и верува на Русија.

Би можело да ве интересира

Путин му порача на Иран: Русија е со вас

Русите го фалат Орбан – ЕУ подготвува „Шарена револуција“, сакаат да го соборат

„Њујорк тајмс“: Подарок за Путин од Вашингтон – Трамп и Рубио најавија повлекување од преговорите за Украина

Орбан: Отворете ја „Дружба“ или Украина ќе остане без кредит

Трамп: Путин можеби малку му помага на Иран

Орбан: Украинците се способни да го оштетат сопствениот нафтовод