Орбан: Полската влада беше инсталирана од ЕУ, истото сценарио сега функционира и во Унгарија

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска дека полската влада на чело со премиерот Доналд Туск била инсталирана од Европската Унија како дел од заговорот за замена на претходното десничарско популистичко раководство на таа земја и дека истото сценарио сега се одвива во случајот со Унгарија.

Орбан не претстави никаков доказ за да ги поткрепи неговите тврдења за полската влада, која беше избрана во 2023 година со рекордно висок одѕив на гласачите од речиси 74 отсто, објави АП.

Тој зборуваше за полската влада два дена откако рече дека ЕУ се обидува да ја собори неговата влада и да воспостави марионетски режим во Унгарија.

Би можело да ве интересира

Орбан: Брисел се подготвува за војнa

Орбан: Европската Унија денес е лав без заби, без ресурси и автономна сила

Се подготвува воен сојуз меѓу Србија и Унгарија

Сијарто: Унгарија не го поддржа новиот пакет помош на ЕУ од 20 милијарди евра за Украина

Зеленски: Унгарија е единствената земја што го блокира членството на Украина во ЕУ

Орбан: Унгарија има добри шанси да постигне договор со Вашингтон

Горан Наумовски