Орбан: Лесно би можеле да бидеме вовлечени во трка во вооружување со Русите

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека наредните години ќе покажат дали „бирократите од Брисел кои градат империја“ ќе можат да им ги одземат на земјите-членки на ЕУ уште повеќе овластувања и пари отколку порано.

Орбан изјави за унгарското јавно радио дека слични чекори се „стандарден одговор“ на кризите во Брисел и дека „потоа се покажа дека не можат да ги користат проширените овластувања и дека не можат да ја надминат кризата“, објави МТИ.

„Нема смисла да се откажуваме од овие овластувања. Не смееме да дозволиме Брисел да ни земе уште повеќе пари, уште повеќе овластувања, со цел да земе повеќе кредити и да нè вовлече во долгови или да изгради централизирани економски контроли“, рече Орбан.

Oрбан оцени дека едно од најтешките прашања е „колку Европа треба да ги зајакне своите одбранбени капацитети“.

„Лесно би можеле да бидеме вовлечени во трка во вооружување со Русите, а тоа би ги изело унгарските пари“, предупреди Орбан, пренесува RT Balkan.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се појави снимка, се тврди дека докажува изборна измама на владеачката Фидес во Унгарија

Огромна излезеност на изборите во Унгарија, се огласи Орбан

Собраниска делегација учествува во набљудување на изборите во Унгарија

ВИДЕО: Клучни избори во Унгарија, што велат анкетите и обложувалниците

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

Примирјето во Украина започнува денес