Орбан: Киев не може да им каже на Унгарците што да мислат

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека Украинците ги засилуваат нападите врз Унгарија затоа што Будимпешта ја спречи Украина да се приклучи кон ЕУ и дека Киев мора да прифати дека не може да им каже на Унгарците што да мислат.

„Украинците мора да разберат дека Унгарија не ја поддржува давањето членство на Украина во ЕУ од фундаментални и стратешки причини“, објави Орбан на Фејсбук.

Орбан повтори дека Унгарија не сака војна, ниту пак сака уништување на европската, а со тоа и на унгарската економија.

„Киев мора да прифати дека не е тој што одлучува што треба да мисли унгарскиот народ“, рече Орбан.

Би можело да ве интересира

Најмалку 32 лица се повредени во напади со беспилотни летала врз регионот Лавов

Киев му се закани на Трамп: Ќе одговараш пред американскиот народ

Киев оди на сè или ништо: Зеленски се подготвува да мобилизира до еден милион луѓе

Унгарците насилно го инјектирале Украинецот кој транспортираше десетици милиони евра и злато

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Картаполов: Зеленски не е воена цел, ни треба жив

Горан Наумовски