(ВИДЕО) Орбан го поддржа Додик на изборите: Добро го познавам, ги штити интересите на српскиот народ

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан отворено го поддржа Милорад Додик во неговата кандидатура за претседател на Република Српска.

Во краткото видео обраќање, Орбан ја нарече Република Српска „почесен сосед“ на Унгарија.

„Унгарија ја смета Република Српска за свој почесен сосед. Затоа она што се случува со вас е многу важно за нас. Тоа има влијание врз Унгарија и целиот регион, но секако дека влијае и на вашите животи, односно на животите на нашите пријатели“, рече Орбан.

„Во РС претстојат важни избори. Добро го познавам вашиот претседател, г-дин Додик, кој е добар пријател на Унгарија и на унгарскиот народ, а горд сум и на нашето лично пријателство. Во него запознав човек кој е подготвен да го зачува мирот, кој е отворен за дијалог, кој се залага за почитување на Дејтонскиот договор и кој секогаш и во сите околности ги штити интересите на српскиот народ“, рече Орбан.

Тој рече дека отсекогаш го поддржувал Додик, и затоа сака да соработува со него и во иднина.

„Се надевам дека и по изборите ќе имам можност да го сторам тоа. Господ да ги благослови сите Срби на целиот Балкан“, рече Орбан.

Би можело да ве интересира

Додик: Надворешно-политичкиот сегмент на БиХ е целосно уништен

Горан Наумовски

Обвинителот бара затвор за Додик и 10-годишна забрана за политичка активност

Горан Наумовски

Орбан: Европа не е тоа што беше, иднината е во другите региони

Орбан тврди дека ќе бидат потребни најмалку 100 години за да се исправи историската грешка кон Русија

Орбан: АфД е иднината на Германија

Горан Наумовски

Орбан: Торнадото на Трамп го промени светот, десницата е иднината