Орбан: Финска и Шведска шират лаги за нас, затоа некои пратеници не ги сакаат во НАТО

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска дека ќе треба да се одржат повеќе разговори меѓу парламентарните групи пред пратениците да гласаат за ратификација на апликациите за членство на Финска и Шведска во НАТО, додавајќи дека дискусиите ќе започнат следната недела во среда.

Во изјава за јавното радио, Орбан рече дека побарал од пратениците од неговата партија Фидес да го поддржат барањето на двете нордиски земји, но дека има пратеници кои „не биле толку ентузијасти“ за проширување на воената алијанса и бараат дополнителни дискусии.

Парламентите на сите 30 членки на НАТО мора да го ратификуваат секое ново членство во алијансата. Според најавите, унгарските пратеници на 6 март треба да гласаат за членството на Финска и Шведска.

Орбан рече и дека мора јасно да стави до знаење дека Унгарија ги поддржува Финска и Шведска, но дека треба да ги слуша и приговорите на Турција за влезот на Шведска.

„Што се однесува до Турција, таа е и наш сојузник и затоа треба да слушаме што има да каже“, рече Орбан.

Тој смета дека треба да се најде решение за турските приговори бидејќи во спротивно целото проширување може да пропадне.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Шекеринска: Во овој понестабилен и поопасен свет, демократиите мора да преземат акција

А1он

ВИДЕО: Италијански Ф-35 и руски Сухој на работ на инцидент над Балтичкото Море