Орбан: Европската Унија денес е лав без заби, без ресурси и автономна сила

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска дека проширувањето на НАТО кон исток е неодговорна авантура и дека Брисел стратешки се оддалечил од Вашингтон.

„ЕУ, заедно со Американците, се залагаше за проширување на границите на НАТО кон Русија. Меѓутоа, Американците сега сфаќаат дека ова беше неодговорна авантура, додека Европа продолжува да се придржува до оваа стратегија… Европската Унија денес е лав без заби, без ресурси и автономна сила“, рече Орбан на состанокот на Европскиот совет во Брисел.

Зборувајќи за пристапот на Украина во ЕУ, Орбан рече дека не е единствениот во Европа кој има сомнежи во тој поглед, „иако само Унгарија јавно се изјаснува против влезот на Украина во ЕУ“.

Тој, исто така, претходно денеска изјави дека војната во Украина, која е веќе четврта година, го чинела унгарскиот народ околу 24,5 милиони долари. Според унгарскиот премиер, целосното пристапување на Украина во Европската Унија ќе наметне „уште поголем финансиски товар“, кој ќе изнесува околу 1.300 долари по унгарско домаќинство годишно.

„Брисел сака Унгарците да ја платат сметката, но нема да се донесе одлука без гласот на унгарскиот народ“, рече Орбан на платформата Х, истакнувајќи дека во моментов во Унгарија се води јавно гласање за поддршка за пристапот на Украина во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Каја Калас: Пакетот за проширување испраќа јасна порака – реформите даваат резултати

Лавров: ЕУ се претвора во милитаристички блок насочен против Русија и Белорусија

ЕК: Изборниот резултат е можност за напредок на Србија кон ЕУ

А1он

Зеленски: Европа мора да учествува во одлуките за завршување на војната

Срдановиќ: Европската интеграција и дијалогот за Косово ќе продолжат

Горан Наумовски

Путин ѝ испрати предупредување на Европа за рускиот гас: „Кој на друг му копа јама, самиот паѓа во неа“