Орбан: Eвропската одбранбена политика е во рацете на „германска тројка“

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги критикуваше „воените подготовки на Брисел“ и рече дека Европа сега е „водена од германската воена тројка“, осврнувајќи се на германскиот канцелар Фридрих Мерц, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и лидерот на Европската народна партија (ЕПП) Манфред Вебер, објавија унгарските медиуми.

Зборувајќи на настан на партијата Фидес во главниот град Будимпешта, Орбан ги обвини германските лидери дека се „најголеми поттикнувачи на војна“, објави Index.hu.

„Европа сега е водена од германската воена тројка: претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен е Германка. Германскиот канцелар Фридрих Мерц, очигледно. И лидерот на најголемата фракција во Европскиот парламент, лидерот на Европската народна партија (ЕПП) Манфред Вебер, исто така е Германец“, рече унгарскиот премиер.

Би можело да ве интересира

Кој е Петер Маѓар, новиот премиер на Унгарија?

А1он

Политико: Поразот на Орбан ќе предизвика политички превирања од Вашингтон до Москва

А1он

Падна Виктор Орбан, голема победа за Петер Маѓар

Катерина Ѓуровски

Орбан убедливо губи, покажува истражување

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се појави снимка, се тврди дека докажува изборна измама на владеачката Фидес во Унгарија

Огромна излезеност на изборите во Унгарија, се огласи Орбан