Орбан: Енергетската закана од Украина ескалирала

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека енергетската закана од Украина ескалирала, но дека целта на енергетската политика на Брисел, нагласи тој, е да ја поддржи Украина по секоја цена.

„Јасно е дека бирократите во Брисел се префрлија на апсурдна енергетска политика. За нас, целта на енергетската политика е енергијата да биде евтина, достапна и безбедна. Ова е основата за конкурентноста на економијата и благосостојбата на семејствата. Но, бирократите во Брисел очигледно не се заинтересирани за животите на европските луѓе“, напиша Орбан на Фејсбук.

Тој оцени дека целта на енергетската политика на Брисел е да ја поддржи Украина по секоја цена и дека тоа е единствениот аспект што ги води, пренесува МТИ.

Би можело да ве интересира

Мелони бара објаснување од Зеленски: Кои западни сојузници знаеле за нападот во Бенгази?

Павел: Ограничена руска воена операција би можела да го загрози единството на НАТО

(ВИДЕО) „Телеграф“: Зеленски издаде надерба да се уништи „гордоста на Путин“

Русите нападнаа деловни згради во Украина, има загинати

Горан Наумовски

Меланија Трамп: Продолжувам да работам на повторното обединување на семејствата од Русија и Украина

Рим категорично ја демантираше изјавата на Зеленски: „Тоа не е вистина“