Орбан: Eдинствено Унгарија искрено ја штити Шенген зоната

Од:

Би било „неприфатливо“ Унгарците да бидат лишени од слободно движење во рамките на ЕУ, изјави денеска унгарскиот премиерот Виктор Орбан во интервјуто за Радио „Кошут“.

Орбан посочи дека неколку европски земји, главно основачите, сакаат да се одвојат од источните и централно -европските земји, од каде мигрантите влегуваат на просторот на ЕУ.

– Кој било чекор кој би ги лишил Унгарците од можноста за слободно движење потполно е неприфатлив од унгарска гледна точка, бидејќи сме единствена земја членка на Шенген зоната која искрено го штити Шенгенот, потенцира унгарскиот премиер.

Орбан нагласи дека земјите од Вишеградската група (Чешка, Полска, Унгарија и Словенија) се сложиле вчера во Прага дека ќе соработуваат да ја заштитат својата слобода и од таа причина ја основале групата „Пријатели на Шенгенот“.

Вишеградската група ја одбива идејата за мини- Шенген и сака да се сконцентрира на заштитата на надворешните граници.

Неодамна се даде предлог за воведување на помал простор без контрола на внатрешните граници во кој би припаднале Холандија, Белгија, Луксембург, Германија и Австрија со што полесно би се контролирал приливот на имигранти, и така земјите од мини-Шенгенот би спроведувале строги контроли на своите надворешни граници.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Новите санкции на ЕУ против Русија носат отстапки за Унгарија

Орбан: Торнадото на Трамп го промени светот, десницата е иднината

Орбан: Будимпешта нема проблем со „филозофијата на санкции“ кон Русија

Унгарија попушти, ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија

Горан Наумовски

Унгарија: Најмалку 20 училишта евакуирани по закани за поставени бомби

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген