Опозицискиот кандидат Мухамаду Бухари е на пат да го смени претседателот Гудлак Џонатан и да победи на претседателските избори во Нигерија.
Според гласовите од 34 држави (од 36) за Бухари гласале 14,6 милиони избирачи, а за Џонатан – 11,3 милиони, јавуваат западни медиуми.
Изборите се одржаа во неделата. САД и Велика Британија предупредија на можна политичка интервенција и манипулации во државата.
За првпат во историјата на Нигерија опозициски кандидат има шанса да го победи актуелниот претседател. Тоа беа осми избори откако државата стекна независност од Велика Британија во 1960 година.