Опозицијата во Венецуела повика на бојкот на Конститутивното собрание

Од:

Опозицијата во Венецуела повика вчера на бојкот на изборите за Конститутивно собрание, кој Владата го организира на 30 јули и го повтори повикот за 48-часовен штрајк во среда и четврток и за помасовен марш во Каракас в петок.

– Борбата треба да продолжи, народот на Венецуела треба да почне генерален штрајк, да дојде во Каракас и да подготви граѓански бојкот, изјави на прес-конференција заменик-претседателот на Парламентот Фреди Гевара од името на опозициската коалиција „Тркалезна маса за демократско единство“.

– Тоа е граѓански бојкот без оружје, без насилство, но со решителност. Никој да не помисли дека ќе бидеме ставени во потчинета состојба, додаде тој.

– Сега не е момент да се предаваме или да запаѓаме во паника. Во овие часови се решава иднината на нашата земја, рече Фреди Гевара.

Друг пратеник од опозицијата, Симон Калсадилја изјави дека в петок ќе има марш со барање претседателот Николас Мадуро да се повлече од планот за Конститутивното собрание.

На 30 јули ќе бидат избрани 545 членови на Конститутивното собрание, кое треба да ги изготви имените на Уставот.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски