Опозицијата во Венецуела го отфрли дијалогот со властите сѐ додека не се спроведе независното пребројување на гласовите од регионалните избори на кои победи партијата на претседателот Николас Мадуро.
– Ние нема да присуствуваме на ниту едно преговарање, додека властите не прифатат независно пребројување на гласовите, кое е неопходно за нормално остварување на политичките права на сите граѓани, изјави доцна синоќа Анхел Оропеса во име на коалицијата на опозицијата.
Опозицијата бара „меѓународна верификација” на гласањето, бидејќи на изборите немаше присутни странски набљудувачи.
Опозицијата, на која анкетите и предвидуваа победа во 11 до 18 окрузи, на крајот освои пет, а во еден регион резултатот е таков што не се знае каква ќе биде власта, изјави претседателот на комисијата Тибисаj Лусенa.
Длабоката политичка и економска криза со месеци ја потресува Венецуела, која е поделена меѓу поддржувачите на Мадуро и либералната опозиција, која бара вонредни претседателски избори и организира протести безбедносните сили ги задушуваат.
Во судирите на демонстрантите, кои траат од 1 април, убиени се најмалку 125 лица, додека стотици луѓе беа уапсени.