Опозицијата во Венецуела планира да организира неофицијален референдум кон крајот на овој месец во врска со контроверзниот план на претседателот Николас Мадуро за измени на уставот преку новото Уставотворно собрание.
Според опозицијата, коалицијата Демократско единство ќе организира гласање на 16 јули, две недели пред планираните избори на 30 јули, кои се организираат по предлог на Мадуро за формирање Уставотворно собрание, кое ќе има надлежност да го измени Уставот.